Дали уште еднаш Николас Спаркс успеа да создаде маж и дечко која секоја девојка би посакала да го има? Па нормално дека успеа, а кога не успеал?! Ова е уште една приказна во негов стил, ова е уште еден пат кога по неговата книга ќе се сними филм, ова е уште еден пат кога тој ќе нѐ доведе до солзи и ќе нѐ натера да посакаме да можеме да промениме нешто.
Накратко и воопшто онолку колку што е дозволено на оваа страна, станува збор за девојка која е убаво воспитана, наивна, искрена, многу мила и позитивна. Нејзиниот татко работи во локалната црква што уште повеќе влијае и придонесува за нејзиниот мирен карактер. Во истата приказна имаме еден бунтовник кој изгледа дека нема никакво воспитување, не почитува ништо ниту пак се гржи за нечии чувства освен за своите. Кога овие два лика ќе ги споиме во една приказна добиваме една чудесна сторија.
Мајсторски, вешто, уникатно, нежно, трогателно... ИСКЛУЧИТЕЛНО! Не разговараме воопшто за тоа дали треба или не треба да ја прочитате оваа книга бидејќи ова прашање повеќе нема да го поставуваме за книгите чиј автор е Николас Спаркс.
No comments:
Post a Comment