Прв дел од мега популарната серија Девојки
ЗОШТО ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ МОЈАТА КНИГА, ОД 1 ДО 9
1. Таа е за три девојки во деветто одделение
2. Може да дознаете различни тајни поврзани со мене (Јас сум Ели)
3. Исто така, и за мојата најдобра другарка Нејдин
4. Иато така, и за мојата еднакво најдобра другарка Магда
5. Може да проверите дали вашите девет херои/хероини на сите времиња се слични со моите
6. Ќе ги дознаете моите најзасрамувачки моменти
7. Многу ќе се смеете (најмногу на мене!)
8. Може дури малку и ќе заплачете
9. ПЛУС, ќе дознаете многу повеќе за МОМЧИЊАТА!
Уште една забавна книга од Џеклин Вилсон... Понекогаш на глас се смеев, а понекогаш плачев... (таа) очигледно добро ги познава тинејџерките“
Девојки излезени до доцна - Џеклин Вилсон
Училиште за славни -Синди Џефрис
Оваа книга е првата приказна за средношколката Клои чиј животен сон е да биде поп-пеачка.
Романот почнува со фрагментот "Родена да пее", во кој таа и нејзината другарка Џес си замислиле како настапуваат во голема сала, а телевизиските камери ги забележуваат секоја нивна гримаса и движење.
Да бидеш познат не е само да бидеш богат. Не е игра Џес. Знам дека е забавно да сонуваш за тон пари и да имавме тоа што сакаме, но многу повеќе од тоа! Навистина сакам да сум поп-пеачка, не само да сонувам за тоа! Замисли да правиш илјадници луѓе среќни кога пееш. Зарем не би било неверојатно?Тоа сакам да го сторам, но никогаш нема да успееме ако не го сфатиш сериозно.
Дали на Клои ќе и се исполни најоглемиот сон дознајте Сами...
Дали на Клои ќе и се исполни најоглемиот сон дознајте Сами...
Девојчињата се од Сатурн, момчињата се од Јуптер
Уште една тинејџерска книга од Кетрин Ламб.
Книга на вљубеност, разделби, интересни случувања, чисти мисли, емоции и чувства помеѓу односот на момчињата (од Јупитер) и девојчињата (од Сатурн).
Книга на вљубеност, разделби, интересни случувања, чисти мисли, емоции и чувства помеѓу односот на момчињата (од Јупитер) и девојчињата (од Сатурн).
Книга која го испитува, им помага на тинејџерите и ги учи како да разбираат кога нивните различни светови се судираат.
Ова е книга напишана со многу искрени чувства за хумор и претставува откритие за секоој кој се обидува да проникне во тајните на љубовната личност.
Девојки излезени до доцна - Џеклин Вилсон
Продолжение на Вљубени девојки и на Девојки под притисок
Колку доцна може да останете надвор? До дваесет и еден часот. Тогаш јас треба да бидам дома. Тато вели дека подоцна не е БЕЗБЕДНО. Но, тогаш се случува најневеројатното, најмагичното нешто. Излезена со моите најдобри другарки, Магда и Нејдин, се запознавам со едно момче. Тој е заинтересиран за МЕНЕ! МЕНЕ! За обичната Ели. Не за: да-паднеш-во-несвест прекрасната Магда. Не за: супер-кул Нејдин. ЈАС! Но, дали Расел ќе остане заинтересиран за девојка што мора да биде дома до дваесет и еден.....?