Драми и романси



Заедно - Џоди Пико
Семејствата Хард и Голд живеат едно до друго веќе осумнаесет години, делејќи сѐ, од малата сипаница до возењето на децата на училиште. И децата, како родителите, се најдобри пријатели, така што никој не е изненаден кога, во средно училиште, пријателството помеѓу Крис и Емили прераснува во нешто повеќе. Тие се сродни души уште од раѓањето.
На полноќ. кога почнуваат да пристигаат телефонски јавувања од болницата, сите се изненадени во ужасното сознание: Емили е мртва во својата седумнаесетта година од последиците од ранување во главата, при спогодбено самоубиство. Во цевката на пиштолот останал уште еден куршум, за кој Крис тврди пред полицијата дека го наменил за себе, но локалниот инспектор се сомнева во неговата изјава. Во еден застражувачки момент, Хартови и Голдови мораат да се соочат со најголемиот страв на секој родител: колку го познаваме своето дете?




 Последната песна - Николас Спаркс
Последната песна е приказна за Рони Милер, седумнаесетгодишна ќерка на разведени родители. Таа живее со нејзината мајка и помалиот брат во Њујорк, додека нејзиниот татко живее во Северна Каролина. Таа не му зборуваше на нејзиниот татко уште од кога нејзините родители се разведоа, а сега мора таа и нејзиниот десетгодишен брат мора да го поминат целото лето со него. Но, таа не знае зошто мајка и ја натера да оди во Северна Каролина, и дека луѓето кои ќе ги запознае и работите кои ќе се случат таму засекогаш ќе и го променат животот...
Уште еден романтичен роман на Николас Спаркс кој ќе Ве остави без здив...



 Затоа што те љубам - Гијом Кинсо
Како малата Лајла успеа да ги спои сите ликови во книгата? Како нејзиното исчезнување влијаеше врз сите нив? Колку далеку тие отишле за да ја зачуваат надежта за љубовта?
Лајла е петгодишно девојче кое мистериозно исчезнала и за кое немало трага цели пет години. По пет години таа се појавува повторно, но дали нејзиното појавување е случајно или носи некаква порака? Колку животот на сите ликови ќе биде променет заради малото девојче? Дали тие имаат нешто заедничко? Дали е полесно да се прифати реалноста или пак, некогаш полесно е да живееме во илузија? До каде е спремен човековиот изум да оди за да го спаси човештвото?
Не би сакала да ви откривам ништо детално за ова дело. Делото само по себе зборува само доколку го прочитате. Секој дел предизвикува нов интерес кај читателот. Нема да ви дозволи ниту да трепнете. Секој завршеток на еден дел ве провоцира да продолжите да го читате и следниот.
Оваа драма постојано ве вовлекува во мистеријата и ве држи во неизвесност. Ова е книга која невозможно е лесно да ја заборавите.

                                             Koja е таа девојка ? -Александра Потер

Која е таа девојка? - Александра Потер
Дали би променила некоја одлука што сум ја донела, (а која имала големо влијание врз мојот живот), или би оставила сè како што било...
„Која е таа девојка?“ е белетристика за добро расположение, исполнета со непредвидливи пресврти и нуди одлична забава. Главниот лик Шарлот е хаотична триесет и две годишна девојка која е работохоличар и има многу малку слободно време. Постојано е во брзање.
Таа е распната помеѓу работата и нејзината врска со Мајлс за кој мисли дека е човекот на нејзиниот живот. Но тој ритам на живот почнува да се менува во моментот кога го здогледува нејзиниот стар автомобил, во нејзиното старо маало, возен од девојка која многу личи на неа кога имала дваесет и една година....
Внимателно напишана, со добар ритам и комична... вистинско уживање!

 Последното предавање - Ренди Пош

Последното предавање - Ренди Пош
Што би направиле да знаете дека имате уште неколку месеци живот?
Дали би ја оплакувале својата зла судбина или... едноставно би продолжиле да го правите она заради кое сте родени?
Ренди Пош умира. Ја добива дијагнозата рак на панкреас и има само уште неколку месеци на овој свет. Во себе носи дури 10 тумори и нема лек за него. Дури и хемотерапиите не даваат никакви подобрувања бидејќи туморите се веќе длабоко одомаќинети во неговиот организам. Што може да направи со ова трагично сознание? Тој решава да го прави она кое најдобро го знае... ДА ПРЕДАВА!
Знаејќи дека нема уште многу време на оваа планета, тој се решава, иако во состојба која постојано се влошува, своите последни атоми сила да ги вложи во проектот насловен ПОСЛЕДНОТО ПРЕДАВАЊЕ.
Знаејќи дека часовникот отчукува и дека денот на неговата смрт се наближува, тој се решава да подготви предавање кое ќе го изнесе пред своите колеги, студенти и фамилијата и во кое ќе зборува за ДОСТИГНУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИТЕ ЦЕЛИ И СОНИШТА ОД ДЕТСТВОТО. Тој не зборува за својата болест, ниту пак за тажната судбина која го чека - тој решава да зборува за најдоброто во својот живот укажувајќи им ја со тоа љубовта на своето семејство и сите луѓе кои ги сретнал во својот живот.
Прекрасна книга! Велат дека оние кои се плашат од смртта, се плашат и од животот. Читајќи ја книгава вие ќе го разберете тоа.

Секој што е Некој  - Лорин Вајсбергер

Секој што е некој - Лорин Вајсбергер
 Приказна која се одвива во срцето на Њујорк, приказна во која се важни парите, моќта, статусот, познаниците, клубовите, кариерата.
Една обична девојка која беше НИКОЈ речиси преку ноќ станува НЕКОЈ, но забавно е откривањето на тоа што значи да си некој во Њујорк. Во желбата да стане некој таа сосема заборава која била, која е, што сака и се претвора во нешто ново. Со оваа книга ќе го откриете Њујорк во едно сосема ново светло.
Интересна, light книга која нема да Ви биде досадна. Доколку Ви дојде до рака, препорачувам да ја прочитате и да се забавувате.



Вероника реши да умре - Пауло Коелјо

Вероника реши да умре - Пауло Коелјо
Вероника, го отфрла најубавиот дар, животот, не е во состојба да ја сфати својата среќа. Исполнета е со горчина, вечен страв дека греши, дека не го прави она што го очекуваат од неа. Сака да ја напушти онаа рутина на која свикнала, но не е доволно силна, па својот излез го гледа во најлесниот пат, во самоубиството.
  Тој чин ја носи во еден поразличен свет, во светот на лудите, кои    можеби се само различни од останатите, различни од она што поголемата маса го прифатила како нормално.
Што ќе ѝ ја врати смислата на животот овде? Жедта за да живее, да се радува на сонцето и сите убавини што ги носи животот, ќе откриете сами. Во секој случај книга што вреди да се прочита и Ве тера да размислите за скапоценоста на животот и поставување на цел која треба да ја постигнете и која ќе Ве исполни и направи среќни. Кога сте задоволни од самите себеси, тогаш му се радувате на животот, затоа што:
Вистинското "Јас" е тоа што си ти, а не она што другите го направиле од тебе.