Нереални

НАДАРЕНИ е насловот на серијата книги низ чии страници се опишуваат деловите од животот на децата со посебни дарби, посебни способности со кои се разликуваат од останатите.
Далеку од очи, далеку од срце е насловот на првата епизода од оваа серија...
Првата мисла на корицата вели: „Но едно утро, кога Аманда се огледнуваше во огледалото, друго лице и возврати со поглед ...“
Аманда Бисон, најпопуларната девојка помеѓу осмите и добро прочуената девојка во училиштето. Има 13 години, а со својот карактер веќе го добила своето второ име Злобната кралица во Медоубрук. Ако не си со неа, ти си никој и ништо... Но, не е секогаш светот толку розев за кралиците.
Едно утро убавата Аманда доживува чудно искуство  во нечие друго тело... Телото на најголемата бубалица во училиштето, телото на најнепопуларната девојка -Трејси Шевон. Аманда открива дека Трејси го посетувала специјалниот клас за надарени во училиштето, класот209 на Мадам. А сега, штом Злобната кралица треба да го живее животот на Трејси (заборавена поради дарбата и Седумката на Девон), и таа ќе го посетува тој клас полн со чудни деца, полн со имиња за кои популарната не ни верувала дека се надарени... Емили, Трејси, Џена, Кен, Чарлс, Мартин, Картер, Сара... и многу наскоро Аманда.
Што се случива понатаму откријте сами..
 

Подобро некогаш, отколку никогаш е книга на фантастичната и непофторливата Мерлин Кеј, писателката што сите нè импресионарише со серијалот на книги "НАДАРЕНИ".
Подобро некогаш отколку никогаш е втората епизода од Надарени во која се зборува за девојката Џена и нејзиниот "татко".
Предвидувањата на нејзината другарка Емили за иднината се точни, додека нејзината мајка е на рехабилитација поради алхохолот Џена престојува кај другарка ѝ Аманда, тогаш се појавува згоден маж кој ќе ја импресионира, кој ќе сака да ја искористи нејзината дарба за читање мисли, кој ќе се преставува како нејзин татко.
Во откривањето на неговата злоба ќе потпомогне нејзиниот соученик Карнер, кој разгвара со мртвите. Со Карнер ќе разговара таткото на Џена кој ќе му нареди на Карнер да ѝ каже на Џена за тоа дека нејзиниот "татко" е лажго...
Дракула -Брам Стокер
Дракула - Брам (Абрахам) Стоке
Сѐ започна со неверојатната имагинација на ирскиот пистаел Брам Стокер. Ако ништо друго, тогаш поради лудилото наречено Самрак сагата, должност нѝ е да објасниме кој беше првиот!
Дејствието во романот се одвива  во Трансилванија, но и во Англија. Адвокатот Џонатан Харкер од Англија патува во далечната Трансилванија во замокот на грофот Дракула. Таму ќе биде зеведен и заробен од страна на неколку жени кои всушност се вампири...
Дракула со брод тргнува за Англија, но целата посада и патниците се брутално убиени. Грофот Дракула со себе носи и амајлија која му дава сила - грутка земја од стариот крај...
Дракула ќе ја запознае вереницата на Харкер, преубавата Мина Мареј и нејзината пријателка Луси. После извесно време  Луси ќе почне да се однесува чудно. Тоа ќе биде заблежано од Ван Хелсинг, стариот пријател на психијатарот Џон Суард, кој е заљубен во Луси... Ван Хелсинг веднаш знае што се случува со Луси...Набргу почнуваат да кружат гласини за Крвавата дама која навечер лута по темните улици и зема деца. Таа мора да умре...Само како да убиеш некој кој е бесмртен?
Играј, играј играј - Харуки Мураками

Играј, играј, играј - Харуки Мураками
Харуки Мураками се смета за исклучително значајна фигура во постмодерната литература и многу пати е набројуван меѓу најдобрите живи светски писатели.
Играј, Играј, Играј е прекрасно напишана книга која истовремено е општествено набљудување, мистерија и фантазија. Сместена во Јапонија во 80тите, во зенитот на економскиот раст на земјата, ја раскажува приказната за еден осамен новинар кој одеднаш има силна потреба да ја пронајде исчезнатата бивша девојка.
Единствената трага е хотелот во кој отседнал со неа – хотелот Делфин. Тој е постојано во некаква потрага, која не може разумно да ја оправда.
Има некој ритам во оваа книга (не само поради насловот), кој го прави просто невозможен чинот на нејзино одлагање.
Ова навистина е литература за уживање, која иако е забавна, успева да зачне некои суштински прашања за реалноста, верата, врските и животот.
Ова е книга која вреди да се прочита, бидејќи толку успешно ќе ве понесе на најлудата авантура низ една друга димензија, што за момент ќе заборавите дека сте во сигурноста на вашата фотелја.
                              Бакнеж во ноќта -Шерилин Кенион

Бакнеж во ноќта - Шерилин Кенион
Што добивате кога имате бесмртен викиншки војник, на кој никој не може да се сети по изминати пет минути од средбата со него и принцеза која припаѓа на племето кое тој треба да го убива и е осудена на смрт во младите години?
Добивате судбината која смета дека не смеат да бидат заедно... тие сметаат поинаку.
Сите жени во нејзиното семејство умираат на 27 - 28 години, на денот на својот роденден, а нејзиниот роденден наближува. Од друга страна тој носи клетва. Никој никогаш не го памети. По 5 минути откако ќе напушти некоја просторија никој веќе не се сеќава на него. Жени за една ноќ кои никогаш не го помнат... неспособност за стекнување пријател бидејќи никој ниту името не му го помни... Но таа го запомни, го запомни тој бакнеж во ноќта. И сега не смее да дозволи таа да умре.

Caмрак - Стефани Мајер

Самрак - Стефани Мајер
Овој роман Стефани го напишала откако го сонувала жедниот, но во исто време и заљубениот вампир во една човечка девојка, што е опишано во тринаесеттото поглавје на книгата.
Бела Свон е повлечена девојка од Аризона, која се сели во најдождливото место во цела Америка - гратчето Форкс. Одеднаш сите ја сметаат за убава и сите сакаат да се дружат со неа, освен мистериозното момче Едвард кое е необично привлечено од неа, како од никој друг кој дотогаш го сретнал. Тоа е поради неговата голема тајна...
Во истовреме неодоливо морничав и занесно романтичен, Самрак е љубовна приказна за сите оние што отсекогаш се чувствувале поинакви, а не верувале дека некој совршен може тоа да го сфати како доблест и да ги засака без оглед на сите разлики. Па и по цена на животот, или бесмртноста.



                         Млада месечина  - Стефани Мајер
Млада месечина - Стефани Мајер
Млада месечина е втората книга од мегапопуларната сага Самрак, која беше издадена во 2006 година.
Оваа книга ја продолжува приказната за Бела Свон, девојката која се досели во Форкс и се вљуби во вампирот Едвард Кален.
За својот роденден таа не сака голема забава ниту подароци, но семејството Кален сепак организира мала семејна забава во нејзина чест. Но, она што ќе се случи на забавата ќе го натера Едвард и неговото семејство да си заминат.
Тогаш Бела ќе дознае дека семејството на Едвард не е единственото во Форкс што крие голема тајна...
Повторно во расчекор помеѓу своите чувства и својата толку „обична“ човечност, Бела мора да избере кому му припаѓа и со кого сака да ја сподели иднината. За да успее во тоа, неизбежно е уште едно големо и опасно патување, овој пат во срцето на Италија, во типично тосканско гратче опшиено со ѕидини.
Гратчето, всушност им припаѓа на вампирите...