Убиство во Ориент-експрес-Агата Кристи
Во еден од најславните криминалистички романи излезени од перото на Агата Кристи, нејзиниот омилен ,,мал белгиски детектив" , Херкул Поаро, патува со легендарниот Ориент-експрес, надевајќи се на идиличен одмор.Во џет-сет друштвото, со добро јадење и пиење изгледаше дека пред Поаро е пријатно патување. Но, по немирната ноќ, омилениот јунак на Агата Кристи одеднаш се наоѓа во центарот на трагедијата: eден човек е убиен, а секој од сопатниците би можел да биде виновник за злосторството.
Токму поради таквите романи Агата Кристи е најчитаниот автор во светот.
Куќата на злото - Агата Кристи
Без збогување - Линвуд Баркли
Куќата на злото - Агата Кристи
Чарлс Хуард, син на сер Артур Хуард, помошник на комесарот на Скотланд Јард, во Египет ја запознава младата таинствена англичанка Софија Леонидес. Нивното познанство прераснува во љубов и тој ја бара за жена. Софија ја прифаќа понудата, но сепак инсистира да пролонгираат една година, до неговото враќање во Англија.
По враќањето во Англија, Чарлс дознава дека во семејството на Софија се случило убиство.
Убиен е нејзиниот дедо, Аристид Леонидес...
Софија која многу го сакаше нејзиниот дедо, ќе направи се за да дознае кој го сторил убиството, кое навидум е само ненамерна грешка на стариот господин Леонидес.
Свршеникот на Софија, Чарлс заедно со неговиот татко ќе се обидат да ја разрешат мистеријата, која е многу подлабока отколку што изгледа на прв поглед. Семејстовот крие многу тајни кои на крајот ке бидат разоткриени... или можеби не...
За сите љубители на криминалистички романи, топло ја препорачувам книгава, која како и другите дела на Агата Кристи е феноменална.Без збогување - Линвуд Баркли
Се будиш едно утро и сфаќаш дека го нема твоето семејство, помислуваш дека заминале порано од дома за да не се сретнат со тебе после карницата од претходната вечер.
Разгледуваш наоколу, гледаш нема подготвено појадок, си помислуваш сигурно оставиле порака. Но, за жал нема трага дека тие ја поминале ноќта во своите кревети.
Се прашуваш: Што се случува? Каде заминале? Ако им се случило нешто, зошто останав само јас поштедена? Следат милиони тешки прашања на кои не може да се одговори...
Ова ѝ се случи на четиринаесетгодишната девојка, Синтија Биж која го изгуби своето семејство и се справуваше со таа траума цели 25 години, сè до еден ден кога доби писмо во кое тешко се наоѓаа одговори и ја зголеми нејзината надеж дека можеби сега ќе открие што се случило со нејзиното семејство. И дозна дека пребарувањето во минатото може навистина да биде исполнето со тешкотии и ризици.
Оваа книга е прекрасен трилер кој не ви дозволува да ја оставите затворена сè додека не се откријат најдлабоките мистерии кои ве тераат да читате до самиот крај. Kрик во ноќта - Мери Хигинс Кларк
Младата и разведена Џени се бори во животот за да ги одгледа нејзините две мали ќерки. Тие едвај скрпуваат крај со крај на секој месец, но таа никогаш не го одбива за пари нејзиниот бивши маж кој освен тоа што не плаќа алиментација уште и позајмува од неа. Но откако го запознава убавиот, богат и неодолив Ерик, Џени веднаш се вљубува и работите комплетно се менуваат.
Тој ја бара за жена после месец дена и целото семејство заминува во куќата од соништата.
Децата се пресреќни со својот нов татко, со своите нови понија, со новите кукли кои претходно никогаш ги немале... А Џени?
Куќата од соништата најпрво токму така изгледа, како дворец од некоја бајка. Но како поминуваат деновите Џени сфаќа дека таа воопшто не се чувствува убаво во таа куќа, напротив куќата е страшна, во неа се случуваат чудни нешта кои ја доведуваат Џени дo работ на разумноста и лудилото.
Џени во секое ќоше, во секој предмет, во секој ден и секоја ноќ може да ја насети присутноста на покојната мајка на Ерик која тој толку ја сакал, а најстрашно е тоа што самата Џени толку многу личи на мајката на Ерик што не постои човек во градчето кој не ја забележува сличноста. Дури и самата Џени е шокирана од оваа сличност.
И може ли да биде толку совршено со новото прекрасно семејство и новата совршена куќа? Дали нејзиниот принц е тој за кого го смета или нешто не е во ред со самата Џени?
Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон
Три преубави жени: Ешли, Тони и Алет се осомничени дека направиле повеќе брутални убиства. Мажи со кои тие се гледале и тоа во различни земји се убиени, искасапени и кастрирани.
Сите работат во иста компјутерска компанија. Двете се пријателки, а третата девојка не ги познава другите две.
Ешли Петерсон е американка, осамена и срамежлива компјутерџика која не згазнува ниту на мравка, но таа има чувство дека некој ја следи, дека сака да ја убие иако не знае зошто. Тони е англичанка, дрска кавгаџика склона кон луди ноќни прошетки и флертувања на интернет. Алет е смирена, наивна италијанска уметничка душа.
Полицијата ќе ги уапси и следува едно од најбизарните судења на векот. Заснована на вистински настани, оваа книга нè води од Лондон и Рим до Квебек и Сан Франциско и нè остава со гримаса на изненадување.
Се плашиш ли од темница - Сидни Шелдон
Старата изрека дека сите зборуваат за времето, ама никој ништо не прави со него - повеќе не важи.
Во почетокот на 1970-те Комитетот за океани и животна средина на Конгресот на САД одржува сослушување во врска со армиските истражувања на времето и климатските модификации. Откриваат дека Министерството за одбрана на САД имало планови за предизвикување големи бранови преку координирано активирање на нуклеарни бомби.
Времето е најмоќната сила што ја познаваме!Тој што ја контролира би можел да ја уништи светската економија со постојани бури или торнада, да ги исуши полињата, да предизвика земјотреси, урагани, цунами, да ги затвори аеродромите... да го уништи непријателот на бојните полиња...
Убаво е да се знае дека сите временски катастрофи опишани во книгата навистина се случиле.... и тоа ни помалку ни повеќе, осмислени, предизвикани и контролирани од светските лидери и нивната нуклеарна моќ.
Овој трилер зборува за обидот преку контролирање на временските непогоди и катастрофи да се постигне врвниот степен на контрола врз човештвото. Преку судбините на малите луѓе (Дајана, Марк, Кели, Ричард, Соња..) се согледува стравичната моќ на оној кој станал господар на времето (Танер).
Уште еден непредвидлив трилер од Шелдон пол со пресврти... прочитајте и откријте дали СЕ ПЛАШИТЕ ОД ТЕМНИЦА??!