Нејзиниот маж во најтешките моменти и денови кога згаснува неговиот живот пишува писма за неа кои таа треба да ги чита секој први ден од месецот по неговата смрт. Не, не ги отвора порано од договореното иако умира од желба да го стори тоа и да ги прочита последните зборови на својот сакан туку внимателно ги почитува неговите упатства.
Како една млада вдовица да продолжи да живее кога на овој свет повеќе го нема нејзиниот сакан? Низ многу ретроспективи во книгата се гледа колку многу тие се сакале, какви убави моменти поминувале заедно, а потоа се опишани и моментите по неговата смрт, ужасни и тешки за неа.
Таа плаче додека солзите не пресушат, се смее во моменти на очај кога знае дека не може да го врати назад, таа се обидува да се затвори сама изолирана од светот и да тагува... Но нејзините пријателки и роднини не дозволуваат така да живее...
Нема да откривам повеќе на оние кои, не ја прочитале, само ќе им кажам дека мораат веднаш да дојдат до неа!
No comments:
Post a Comment