Психолошки

Тајната - Ронда Бирн

"Тајната, била пренесувана низ столетија, многумина копнееле по неа, ја криеле, исчезнувала, ја краделе и ја купувале за големи суми пари. Многу столетија старата Тајна ја разбирале некои од најистакнатите луѓе во историјата: Платон, Галилео, Бетовен, Едисон, Карнеги, Ајнштајн - како и друг изумители, теолози, научници и големи мислители. Сега Тајната ја откриваме на целиот свет.
Учејќи за Тајната, ќе осознаеш на кој начин можеш да имаш, да бидеш и да го правиш она што ќе го посакаш. Ќе осознаеш кој си, ќе ја осознаеш вистинската величественост што те очекува"-од предговорот
За повеќе информации на филмуваната верзија на Тајна посетете ја интернет страницата : http://www.thesecret.tv/

   Една минута за себе - Спенсер Џонсон


Една минута за себе - Спенсер Џонсон
Една минута за себе од Спенсер Џонсон е прекрасен водич за тоа како да го живеете својот живот.
Една од речиниците која се појавува низ целата книга е прашањето: Дали во овој миг постои подобар начин да се погрижам за себе? Дали некогаш сте си го поставиле ова прашање? Или секогаш брзате некаде за да им угодите на другите, додека себе си се ставате на последно место?
Често пати во нашиот живот, во тие моменти кога навистина сакаме да си угодиме самите на себе ја правиме најголемата грешка. Тогаш   исполнуваме некои од своите желби кои подоцна можеби ќе нѝ изгледаат бесмислени. Затоа, наместо да ги исполнуваме нашите желби, да се свртиме кон нашите потреби.
Писателот тоа убаво го објаснува со следнава реченица: Потребата е нешто што е неопходно за нашата благосостојба. Желбата е нешто што мислиме дека ќе нѐ направи среќни – но тоа често не е така. Сакам чоколада. Ми треба кислород.
Така, кога чувствувате дека немате одговор на прашањето кое сте си го поставиме самите, застанете една минута и обрнете се околу себе. Прашањето е таму некаде во вашата глава, само треба да се сетите и да го најдете најдобриот начин за негово решавање.
Книгата ја препорачувам на секој, без разлика на возраста или положбата која ја има.


Патот по кој поретко се оди - Скот Пек
 Патот по кој поретко се оди - Скот Пек
Сакате да ја почуствувате среќата во животот? Тогаш оваа книга дефинитивно е за вас!
Патувањето на духовниот раст е многу долг, сложен процес што трае цел живот. Идеите изнесени во оваа книга претежно произлегуваат од секојдневната клиничка работа со пациенти кои се труделе да ги избегнат или да ги достигнат повисоките нивоа на зрелоста. Конфронтирањето и решавањето на проблемите е тежок процес кој многумина од нас се обидуваат да го избегнат.
Ова избегнување резултира со болка и го попречува процесот на ментално и духовно растење.
Потпирајќи се на искуството од своето професионално психијатриско работење, Скот Пек ни дава сугестии како, преку конфронтирање и решавање на своите проблеми, и страдајќи преку промените, може да се достигне повисок степен на себе-разбирање.
Др. Пек ја објаснува природата на љубовните врски: како да ја препознаеме вистинска компатибилност, како да разликуваме зависност од љубов, како да станеме свои, како да бидеме почувствителни родители.
Оваа значајна книга инспирираше милиони луѓе ширум светот, на патот на нивното емотивно и духовно будење.

Моќта на посвеста - Џозеф Марфи
 Моќта на потсвеста -Џозеф Марфи
Нашата добра мисла зависи нашето добро расположение. Авторот во неколку наврати говори дека мозокот е една голема градина. Ако посееме убави мисли ќе вродат убав плод. Ако посееме лошо семе (лоши мисли) ќе добиеме лош плод.
Па потсвеста е моќна во секој случај и ако во моментот не не’ тера да направиме нешто тогаш верувајте ќе остане како спомен и во иднина некоја постапка ќе ја базираме на тоа „што се одвивало под површината“. Обично кога викаме дали да го слушаме срцето или разумот (најчесто во љубовта) викаме дека го следиме срцето но разумот во потсвеста знае да не мачи и јаде од внатре многу подоцна откако сме го направиле 'нештото'.
Се разбира ова знае да биде и обратно. Потсвеста е базирана на собрани стравови, мислења, желби кои пловат под површината на тоа што отворено го мислиме и го правиме. Како и сантата мраз, потсвеста е 70-80 проценти од тоа што навистина се одвива во нашата глава додека свесниот дел е најмал и безначаен во споредба. Треба да се најде начин да се изедначат овие два процеса, но не само на кажување и правење на тоа што го мислиме потсвесно туку и контролирање и дисциплинирање на скриените (мрачни можеби) желби и мисли.
Љубовта и емпатијата можат да доведат до исфрлање на негативните мисли и стравови, до балансирање на двата често спротивни мисловни процеси.
                                  Психологија на успехот - Дејл Карнеги
Психологија на успехот - Дејл Карнеги
Да се знае да се постапува со луѓето секако е една од најголемите тешкотии со кои се среќава деловниот човек. Токму во оваа книга ќе се запознаете со принципите за однесувањето со луѓето.
На многумина од нас им се случило во некоја фаза од животот да доживееме епизоди на промени на расположението, незадоволство, нервоза, тага, умор... период на загриженост.
Целта на оваа книга е да ги преформулира, осовремени и да ги изнесе на виделина постарите вистини на човековата природа, да ве тргне од успиеноста и да ве натера да почнете да ги применувате во животот.
Во неа се содржат: основните техники за анализирање на грижите; техники за справување со стресни ситуации; како да ги докрајчите грижите пред грижите да ве докрајчат вас; седум начини на постоење на душевен мир, рамнотежа и задоволство; како да се заштитите од добронамерна критика; шест совети за надминување на измореноста и одржување на доброто расположение; како да одберете професија што ќе ви донесе успех; за паричните грижи и како да се намалат.
Прочитајте ја книгава, нема да зажалите!